NEWSACADEMIA BALKANICA EUROPEANA Archives
November 2023
Categories |
Back to Blog
OPEN CALL1/16/2023 Academia Balkanica Europeana announces a call for papers for the international scientific conference (June 7-9, 2023) with the title: CONTEMPORARY TRENDS IN MACEDONIAN MUSICAL AND STAGE CREATION Macedonian musical and stage creativity represents one of the pillars of Macedonian musical creativity, and accordingly, one of the main drivers of musical life in our country. Laying the foundations in the post-war period, which is also characterized by the establishment of modern musical life, the musical-scenic creativity, from then until today, records a series of significant outbursts, through which Macedonian composers present their compositional maturity and creative imagination. Although the experience of domestic composers in the creation of vocal-instrumental works, with the participation of an orchestra as an equal supporting force with vocal elements, is relatively modest, however, it can be concluded that it deviated from the creative desire to contribute in this field to the domestic musical literature . Thanks to that urge, today, Macedonian musical literature contains several opera and ballet works, as well as oratorios, signed by prominent Macedonian composers, which incorporate part of their characteristic and recognizable compositional expression. This creative corpus represents a solid base for research and analysis, from several scientific, historical and interdisciplinary aspects. That is why the topic of the conference is dedicated to Macedonian musical and stage creativity, with an emphasis on contemporary trends. Papers at this international conference can be dedicated to one of the following areas: - Macedonian operas in the 21st century - Macedonian ballets in the 21st century - Macedonian artists in the Macedonian music-stage creation - The chamber works of contemporary composers - Vocal-instrumental works in the 21st century - The aesthetics of musical-scenic works - Macedonian contemporary creativity on the world stage Individual presentations of up to 15 minutes are planned; Panel discussions with multiple presenters, up to 10 minutes for each presenter. Applications can be submitted to the email address [email protected] until February 15, 2023, with an abstract (up to 200 words) and a short biography of the participant (up to 150 words). Notification of accepted papers is until March 10, 2023. The conference will be held in the Cinematheque of RSM. With respect, Organizing Committee of the International Conference Академија Балканика Еуропеана објавува повик за трудови за меѓународната научна конференција (7-9 јуни 2023 година) со наслов:
СОВРЕМЕНИТЕ ТЕКОВИ ВО МАКЕДОНСКОТО МУЗИЧКО-СЦЕНСКО ТВОРЕШТВО Македонското музичко-сценско творештво претставува еден од стожерите на македонското музичко творештво, а согласно тоа, и еден од главните двигатели на музичкиот живот во нашата држава. Поставувајќи ги основите во поствоениот период, кој се карактеризира и со воспоставување на современиот музички живот, музичкото-сценско творештво, оттогаш, па до денес, бележи низа значајни изблици, преку кои македонските композитори ја презентираат својата композиторска зрелост и творечка имагинација. Иако искуството на домашните композитори во создавањето на вокално-инструментални дела, со учество на оркестар како една рамноправна носечка сила со вокалните елементи е релативно скромно, сепак, може да се заклучи дека тоа отстапувало пред творечката желба за придонесување на ова поле во домашната музичка литература. Благодарение на тој порив, денес, македонската музичка литература содржи повеќе оперски и балетски дела, како и ораториуми, потпишани од истакнати македонски композитори, кои вградуваат дел од својот карактеристичен и препознатлив композиторски израз. Овој творечки корпус, претставува солидна база за истражување и анализирање, од повеќе научни, историски и интердисциплинарни аспекти. Токму затоа, темата на конференцијата е посветена на македонско музичко-сценско творештво, со акцент на современите текови. Трудовите на оваа меѓународна конференција, можат да бидат посветени на една од следниве области: - Македонските опери во 21 век - Македонските балети во 21 век - Македонските уметници во македонското музичко-сценско творештво - Камерното творештво на современите композитори - Вокално-инструменталните дела во 21 век - Естетиката на музичко-сценските дела - Македонското современо творештво на сцените во светот Предвидени се поединечни презентации до 15 минути; Панел дискусии со повеќе излагачи, до 10 минути за секој излагач. Пријавите може да се достават на email адреса [email protected] до 15 февруари 2023 година, со апстракт (најмногу до 200 збора) и кратка биографија на учесникот (најмногу до 150 збора). Известувањето за прифатените трудови е до 10 март 2023 година. Конференцијата ќе се одржи во Кинотека на РСМ. Со почит, Организационен одбор на Меѓународната конференција
0 Comments
Read More
Leave a Reply. |